Итна евакуација поради попуштање на најголемата брана во САД
13.02.2017 11:28
Количината на водата во петокот била помала од два метри од врвот на браната, а пораснала поради големиот дожд и снег што следеа по тешката суша во Калифорнија.

Жителите кои живеат низводно највисоката брана во САД, во близина на градот Оровил во Северна Калифорнија, биле итно евакуирани откако властите предупредиле дека браната може да попушти поради пукнатините што се отвориле од силниот притисок на водата по обилните врнежи.
Количината на водата во петокот била помала од два метри од врвот на браната, а пораснала поради големиот дожд и снег што следеа по тешката суша во Калифорнија.
Калифорнискиот гувернер Џери Браун од сојузната служба за вонредни состојби побара да се воведе елементарна непогода.
