Борци на ИД превезуваат експлозив кон Палмира, предупреди Русија
13.02.2017 11:52
Во соопштението се вели дека руски беспилотни летала пресретнале активно движење на камиони во реонот на Палмира, во моменти на успешната офанзива на сириските владини сили.

Руското министерство за одбрана предупреди дека борци на Исламска држава превезувале експлозив кон Палмира, со цел максимално да ги уништат архитектонските споменици пред да се повлечат од древниот сириски град.
Во соопштението се вели дека руски беспилотни летала пресретнале активно движење на камиони во реонот на Палмира, во моменти на успешната офанзива на сириските владини сили.
Во декември терористичката група сепак повторно ја зазеде Палмира. Џихадистите веќе уништија голем број споменици во градот, кој се наоѓа во пустината во централна Сирија.
