ОЈО: Постапка за изборни нерегуларности е отворена уште во 2016-та година

13.02.2017 11:59

Сооштението од Обвинителството е поради, како што стои во дописот, за објективно информирање и за избегнување на шпекулациите.

Скопското Основното јавно обвинителство за изборни нерегуларности има отворено постапка уште во 2016-та година. Во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без да објави податоци за нејзиниот тек за да не ја повреди тајноста што е обезбедена со закон.

Сооштението од Обвинителството е поради, како што стои во дописот, за објективно информирање и за избегнување на шпекулациите.

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, оформен е предмет против едно лице, организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Досега се преземени претходни дејствија, побарана и прибрана е материјална документација, релевантни писмени докази, а во просториите на Основното јавно обвинителство се сослушани повеќе од 70 сведоци.