На новото рочиште за „Диво насеље“ искази на сведоци на одбраната на обвинетите
Предвидено е исказ во судницата да дадат сведоци предложени од одбраната. Во четвртокот се читаше писмениот исказ на сведокот на обвинителството.

Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“ за кумановските настани што се случија во мај 2015-та година. Како и претходното, и ова рочиште е отворено за јавноста.
Предвидено е исказ во судницата да дадат сведоци предложени од одбраната. Во четвртокот се читаше писмениот исказ на сведокот на обвинителството.
Судењето подолг период беше затворено за јавноста, бидејќи искази даваа заштитени сведоци и беа презентирани посебни истражни мерки.
На 9-ти и 10-ти мај 2015-та година во судир меѓу полицијата и вооружена група, загинаа осуммина македонски полицајци и десетмина припадници на вооружената група.
Обвинети се вкупно 37 лица за тероризам и терористичка организација.
