Нема реклама на храна без дозвола
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека компаниите-производители...

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат декакомпаниите-производители со новиот правилник од оваа година се обврзуваат дека здрава храна можат да рекламираат само со дозвола, односно храна без научна дозвола не смее да се продава како лековита. До сега се поднесени барања за 320 производи, 240 се одобрени, три се одбиени, а за останатите постапката е во тек. Здравствените тврдења за одреден производ не треба да ги мамат потрошувачите, да бидат двосмислени или да ги доведуваат граѓаните во заблуда. Агенцијата за храна и ветеринарство од идната недела ќе воведе бесплатен број на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат секакви неправилности за безбедноста на храната.
Лани до агенцијата биле поднесени 280 претставки, од нив 162 биле оправдани. Поднесени се осум прекршочни пријави, а десет и пол тони храна биле уништени.
