Сирија: Владата е подготвена за размена на затвореници

13.02.2017 13:54

Неименувано официјално лице изјавило дека понудата била дадена во очи дводневната мировна конференција која неделава треба да се одржи во Астана.

Сириската влада соопшти дека е подготвена да ослободи затвореници во замена за цивили и војници кои ги држат бунтовниците.

Неименувано официјално лице изјавило дека понудата била дадена во очи дводневната мировна конференција која неделава треба да се одржи во Астана.

Владата и бунтовниците мината недела размениле дестина луѓе, вклучувајќи и жени и деца кои со години биле држени во заложништво.