Зимска прогноза на ЕК: Македонија годинава со раст од 3,2%, во 2018-та 3,6%

13.02.2017 14:36

За в година од Македонија се очекува подобрување на перформансите и раст од 3,6% што заедно со Словачка би бил втор резултат во Европа. Анализата на потенцијалот на македонската економија покажува дека може да се очекува намалување на невработеноста до 23,2% годинава, односно 22% во 2018-та.

Според прогнозата на Европската комисија годинава, Република Македонија се очекува да забележи економски раст од 3,2%. Тоа би бил шести резултат во Европа, зад Романија која е лидер со 4,4% раст на БДП. Втор е Луксембург, а потоа следуваат Малта, Унгарија и Ирска, додека на шестата позиција се рангирани Македонија и Полска со идентична прогноза за раст на БДП од 3,2%.

За в година од Македонија се очекува подобрување на перформансите и раст од 3,6% што заедно со Словачка би бил втор резултат во Европа. Анализата на потенцијалот на македонската економија покажува дека може да се очекува намалување на невработеноста до 23,2% годинава, односно 22% во 2018-та.

Европската комисија во зимската економска прогноза,презентирана денеска во  Брисел, очекува безмалку раст кај сите земји членки, а во Еврозоната 1,8 % во оваа и во наредната година.

„Европската економија се покажа отпорна на бројните шокови што ги доживеа во текот на изминатата година. Растот се држи нагоре (во позитива), а невработеноста и дефицитот се движат пониско. Сепак, повисокото ниво е неизвесно, и што е поважно ги користиме сите алатки на политиките за поддршка на растот. Пред сè, ние мора да се осигураме дека благодетите од растот ќе се почувствуваат во сите делови на еврозоната и во сите сегменти на општеството“, изјави Пјер Московици- еврокомесар за економски и финансиски прашања, даноци и царина.