На Меџитлија влез само за цистерните со нафта
13.02.2017 13:14
За да се избегне нафтена криза, од денеска на Меџитлија се пропуштаат само цистерните со деривати и нафта.

Продолжува блокадата на македонската граница од грчка страна. И натаму протестираат земјоделците, кои бараат даночни олеснувања во аграрот.
За да се избегне нафтена криза, од денеска на Меџитлија се пропуштаат само цистерните со деривати и нафта.
Протестот се случува во време кога пропаднаа преговорите на Грција со ММФ за враќање на дел од долгот. За утре е најавен масовен штрајк, што треба да се одржи во Атина.
