Ердоган: Треба да формираме „безбедна зона“ во Сирија
13.02.2017 16:42
Ердоган истакна дека тоа би требало да се случи откако припадниците на Исламската држава ќе бидат протерани од Ал-Баба, во соработка со коалицијата предводена од САД.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека Турција тежнее да формира „безбедна зона“ во Сирија, по воената операција во градовите Рака и Манбиј.
Ердоган истакна дека тоа би требало да се случи откако припадниците на Исламската држава ќе бидат протерани од Ал-Баба, во соработка со коалицијата предводена од САД.
Турскиот претседател нагласил дека е планирано „безбедната зона“ да опфати област од најмалку 4.000 до 5.000 километри квадратни, а да подразбира и забрана за летови.
