Грчките земјоделци ќе протестираат во Атина

14.02.2017 10:25

Фармерите веќе три недели ги блокираат патиштата низ земјата.Бараат укинување на осигурителните тарифи, намалување на возраста за пензионирање, неоданочен семеен приход од 12.000 евра и неоданочено гориво, ниски загарантирани цени за нивните производи, како и пониски камати за земјоделските кредити...

Грчките земјоделци ќе одржат протест во Атина против најавените владини реформи. Фармерите веќе три недели ги блокираат патиштата низ земјата.

Бараат укинување на осигурителните тарифи, намалување на возраста за пензионирање, неоданочен семеен приход од 12.000 евра и неоданочено гориво, ниски загарантирани цени за нивните производи, како и пониски камати за земјоделските кредити.

Демонстрантите ги повикаа и работниците да ги поддржат во протестот.

Министерот за земјоделство Вангелис Апостолу, изјави дека финансиската состојба на земјата не дозволува осигурување на натамошната помош, но изрази подготвеност за институционална интервенција при решавање на проблемите.