Традиционално закројување на лозјата во чест на Свети Трифун

14.02.2017 10:37

На одбележувањето на празникот во Демир Капија ќе присуствува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а на закројувањето на виновата лоза во Кавадарци ќе биде министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.

Денеска традиционално се закројуваат лозјата во чест на Свети Трифун - заштитникот на лозарите. Во Македонија има 88 милиони пенушки засадени на површина од над 23 илјади хектари. Се произведуваат 78,5 милиони литри вино на точење и 28,05 милиони литри во шишиња.

Најмногу се извезува вино во Кина, Русија, САД и во Австралија. Вкупната вредност на извозот на вино изнесува 47,7 милиони евра.

На одбележувањето на празникот во Демир Капија ќе присуствува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а на закројувањето на виновата лоза во Кавадарци ќе биде министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.

Покрај Свети Трифун, младите во Македонија го празнуваат и католичкиот празник Свети Валентајн - Денот на вљубените.