Судијата Џолев поднесе кривична пријава против Лазаров
Неговиот адвокат рече дека кривичната пријава се поднесува поради злоупотреба на службената положба, бидејќи Џолев смета дека судијата намерно покренал постапка против него во екот на изборот на претседателот на Основниот суд Скопје 1...

Судијата Иван Џолев, преку неговиот адвокат Стеван Павлески, поднесе кривична пријава против Јордан Лазаров, претседател на Комисијата во Советот за утврдување факти.
Неговиот адвокат рече дека кривичната пријава се поднесува поради злоупотреба на службената положба, бидејќи Џолев смета дека судијата намерно покренал постапка против него во екот на изборот на претседателот на Основниот суд Скопје 1, за да го фаворизира другиот кандидат за претседател, Владимир Панчевски.
Павлески побара расправата по претставката од Панчевски да биде пркеината сѐ додека не заврши кривичната постапка.
