Јанева во Советот на обвинители ќе образложи зошто се откажа од „Пуч“

14.02.2017 12:15

Во „Пуч“, покрај Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга, општински службеник од Струмица и еден вработен во МВР...

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пристигна во Советот на јавни обвинители, каде треба да образложи зошто Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за предметот „Пуч“.

Претседателот на Советот, Петар Аневски потврди дека Јанева е повикана по нивно барање да ги образложи причините зошто се откажа од обвинението за „Пуч“.

СЈО го повлече обвинението во јануари, а две недели подоцна Советот ги побара списите за овој предмет, во кој меѓу обвинетите беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во „Пуч“, покрај Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга, општински службеник од Струмица и еден вработен во МВР. Се товарат за шпионажа и за насилство врз претставници на највисоките државни органи.