Мисајловски: Со исто темпо продолжува изградбата на патната инфраструктура

14.02.2017 12:49

Годинава ќе се обновуваат 40-ина патишта. Се проектираат два нови автопата, планиран е и почеток на изградба на три нови експресни патишта. Се работи и на регионалната патна мрежа.

Со истото темпо продолжува изградбата на патната инфраструктура, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Годинава ќе се обновуваат 40-ина патишта. Се проектираат два нови автопата, планиран е и почеток на изградба на три нови експресни патишта. Се работи и на регионалната патна мрежа.

Мисајловски најави дека ќе се реконструира автопатот од Велес до Градско во должина од 20 километри и од Скопје до Куманово во должина од 22 километра за што инвестицијата изнесува 7,8 милиони евра, обезбедени преку ИПА програмата. Во тек на проектирање се два нови автопата од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце по што ќе се утврди финансиската конструкција и ќе се одбере моделот за финансирање.

Во планираните активности за првиот квартал од годинава, Мисајловски наброја и почеток со градба на експресни патишта од Штип до Кочани, од Штип до Радовиш и од Ранковеце до Крива Паланка.