Нова спортска сала во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

14.02.2017 13:13

Салата ќе биде пуштена во употреба во јуни, информираше заменик министерот Спиро Ристовски кој денеска беше во посета на најстарото училиште во Скопје, изградено пред 180 години.

Нова спортска сала се гради во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерството за образование вложи 32 милиони денари, а салата ќе биде пуштена во употреба во јуни, информираше заменик министерот Спиро Ристовски кој денеска беше во посета на најстарото училиште во Скопје, изградено пред 180 години.

Очекуваме во мај, објективно јуни, оваа сала да биде предадена на училиштето, а од септември следната учебна година учениците ќе може своите часови по физичко воспитание да ги спроведуваат во модерен спортски објект, изјави Ристовски по увидот на градилиштето.