Над 680 лица се уапсени во операции на имиграциските власти на САД
14.02.2017 13:47
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека 75 од нив се осудени за криминал, вклучувајќи убиства, па се до возење под дејство на алкохол.

Припадници на американските имиграциски власти уапсија над 680 лица. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека 75 од нив се осудени за криминал, вклучувајќи убиства, па се до возење под дејство на алкохол.
Операциите се рутински и ги спроведува американската Служба за имиграциска и царинска контрола.
