Предизборието се забревтува во ДИК и ОБСЕ
Преземените мерки околу проверката на избирачкиот список според претседателот на ДИК , го дале посакуваниот ефект...

Преземените мерки околу проверката на избирачкиот список според претседателот на ДИК , го дале посакуваниот ефект.
Кривичната одговорност за оние што државната функција ќе ја злоупотребат во партиски цели според првиот човек на МОСТ е добро решение. Смета дека е потребна уште една санкција како превентивна мерка.
Видливото мастило на палецот на гласачите како новина во изборните правила ќе бара , според заменик претседателот на комисијата , дополнителна едукација во една од соседните држави.
На одбележувањето на меѓународниот ден на избори пораката од ОБСЕ до граѓаните- излезете на гласање,зошто вие одлучувате.Не изостана и пораката до сите учесници во спроведувањето на изборите.
Со новите изборни правила, за поефикасно гласање ќе бидат отворени нови 504 избирачки места.За да се надмине и проблемот со гласањето на членовите на избирачките одбори што ќе го следат гласањето на дијаспората во ДИК ќе биде отворено гласачко место на коешто тие , пред заминувањето ќе го остваарат гласачкото право.
Виолета Димовска
