Полубратот на Ким Јонг-Ун убиен во Малезија
14.02.2017 14:29
Властите се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Осомничените се во бегство.

Полубратот на севернокорјскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија. Според кинеските медиуми, две жени го отруле со убод од игла на аеродромот во Куала Лумпур.
Властите се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Осомничените се во бегство.
Ким Јонг Нам беше најстариот син на претходниот владетел во Пјонгјанг и многумина веруваа дека токму тој ќе го наследи Ким Јонг Ил.
Со години живееше во егзил и повремено го критикуваше владеењето на неговото семејство.
