НБА и се е можно
„Лејкерс“ останаа со четири играчи на паркетот на три минути пред крајот на гостувањето кај „Кавалирс“, но сепак славеа со 119:108.

Поради многумина повредени, екипата од Лос Анџелес во Кливленд отпатува со осум кошаркари. Во текот на мечот дел од нив се повредија, некои заработија по шест лични, па гостите беа подготвени дуелот да го завршат со четворица играчи. Сепак, официјалните лица на натпреварот му сугерираа на тренерот на „Лејкерс“ Мајк Д’Антони дека може да го искористи правилото за коешто и тој не знаеше. Во НБА е дозволено во игра да се врати еден од кошаркарите со 6 фаули, но во таква ситуација секој негов нареден прекршок се санкционира како техничка грешка. Во отсуство на најдобрите најрасположен кај „Лејкерс“ беше Кели со 26 поени.
Леброн Џејмс со 31 кош го предводеше Мајами до победа кај „Клиперс“ со 116:112. Кевин Дурент постигна само 26 поени во триумфот на Оклахома против Минесота од 106:97. По четири гостински порази, Портланд го совлада Њујорк во „Медисон Сквер Гарден со 94:90, додека Сан Антонио по продолжение триумфираше во Вашингтон со 125:118 иако на полувреме имаше 14 поени негатива.
Во другите натпревари: Фиоладелфија – Бостон 104:114, Орландо – Детроит 112:98, Хјустон – Феникс 122:108, Мемфис - Далас 96:110, Њу Орлеанс – Атланта 105:100, Денвер - Милвоки 110:100 и Сакраменто - Торонто 109:101.
