ИПАРД

Бесплатни технички проекти за објекти за производство на сирење

15.02.2017 10:08

Сточарите кои сакаат да изградат нови или да ги модернизираат сегашните таканаречени мандри, односно објекти за производство на сирење, можат да користат безплатни технички проекти за нивна изградба. Со овие проекти може да се аплицира и за средствата од ипард програмата.

Овчарите и козарите се најзаинтересирани за безплатните технички проекти за инвестиции во мандри. Во овие проекти имаат на располагање пресметки за цената објектот и за изгледот на идната или за реконструкција на постоечката мандра.

Документацијата може да се подигне во подрачните единици на министерството за земјоделство.

Во мандрата или објектот за производство на сирење се предвидени простории за прием на млекото и негова преработка.

Финансиската вредност на градежниот дел е скоро 40 000 евра. Од ИПАРД Програмата сточарот може да побара неповратна финансиска поддршка од 75 проценти и да му бидат вратени 30 000 евра доколку објектот го изгради на надморска висиочина повисока од 750 метри .

Доколку користи банкарски кредит со каматна стапка која не е поголема од 8 проценти може да побара и субвенционирање на половина од каматата.

 

Методија Трајков