Евзони и натаму блокиран, Дојран отворен само за патнички возила
15.02.2017 10:13
Преминот Меџитлија, кај Битола е отворен за сообраќај за сите возила, а Дојран само за патнички, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

И натаму е блокиран Евзони, главниот македонски премин кон Грција, поради штрајкот на грчките земјоделци. Преминот Меџитлија, кај Битола е отворен за сообраќај за сите возила, а Дојран само за патнички, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Грчките земјоделци и натаму штрајкуваат сѐ додека владата во Атина не им излезе во пресрет на барањата за пензиски и даночни олеснувања.
Грција не ја врати навреме траншата од 7,7 милијарди евра кон Меѓународниот фонд.
