Финансиска поддршка од ЕУ за унапредување на водоводниот систем во Гевгелија

15.02.2017 10:18

Вкупната вредност на проектот изнесува 1,7 милиони евра. Ќе се градат бунари, пумпи, станици за хлорирање, водоводна мрежа и резервоар од илјада кубни метри.

Во Гевгелија почнува реализацијата на унапредување на водоводниот систем преку европските претпристапни фондови. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,7 милиони евра.

Ќе се градат бунари, пумпи, станици за хлорирање, водоводна мрежа и резервоар од илјада кубни метри.

Почетокот на изградбата ќе го означат евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за финансии Кирил Миноски.