Тузла симбол на нефункционална државност

06.02.2014 18:47

Расте тензијата во Тузла. Веќе Втор ден траат протестите.

Расте тензијата во Тузла.  Веќе Втор ден траат протестите. На улиците се води вистинска војна, илјадници работници, граѓани и ученици се судираат со полицијата пред зградата на кантоналната Влада. Разгневената толпа целосно го уништи првиот кат,  а премиерот и министрите под силно полициско обезбедување биле евакуирани на спореден влез. На улиците летаат камења, насекаде беа запалени гуми, а демонстрантите го пробија и полицискиот кордон. Силите на безбедноста се обидоа да ја смират толпата која употребува молотови коктели.  Во судирот се повредени над 30 лица,  има и повредени полицајци. „Прашајте ги полицајците дали тие го бранат народот од власта или власта од народот“ изјави граѓанин. „Продолжуваме да протестираме и се надеваме дека ќе дојдеме до крајната цел“ изјави жител на Тузла. Како пожар, протестите се шират и низ другите градови на Босна. Во Сараево, Бихаќ и Зеница граѓаните се на улица  во знак на подршка на Тузла. Истовремено, електронска војна се води и на социјалните мрежи. Безредијата во БиХ почнаа вчера. Работниците на неколку некогашни гигантски фирми и фабрики, гневни,  без работаи без плати,се обидоа да влезат во Владата на жупанијата на Тузла, која станува симбол на нефункционалната државност.
 
Марија Петковска