ОМД: Да се формира стабилна влада, но без уцени

15.02.2017 10:28

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) поддржува формирање стабилна влада и излез од двегодишната криза, но политичарите не смеат да ги прифаќаат уцените кои им ги наметнуваат коалиционите партнери.

Се следат со голем интерес актуелните политички збиднувања во земјава. Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) поддржува формирање стабилна влада и излез од двегодишната криза, но политичарите не смеат да ги прифаќаат уцените кои им ги наметнуваат коалиционите партнери.

Според ОМД, со тоа се наштетува на националните интереси на земјата. ОМД е против прифаќањето на таканаречената албанска платформа и ги предупредува најголемите политички партии, особено СДСМ дека нема да прифати, како легитимна, ниту една влада која ги става партиските над националните интереси.