Индиска ракета-носител изведе во орбитата рекордни 104 сателити

15.02.2017 10:33

Три од сателитиете се индиски, а 101 се од Израел, Казахстан, Холандија и Швајцарија и САД. Странските наносателити, кои се наречени „бебиња“, тежат заедно 600 килограми, исто колку трите индиски.

Индија лансираше рекордни 104 сателити од космодромот „Шрихарихота“, уривајќи го претходниот рекорд на Русија со 37 сателити. Три се индиски, а 101 се од Израел, Казахстан, Холандија и Швајцарија и САД.

Странските наносателити, кои се наречени „бебиња“, тежат заедно 600 килограми, исто колку трите индиски.

Според експертите, ова е знак дека Индија се позиционира како голем играч на мулитмилијардерскиот вселенски пазар.