Калифорнија: Повлечена наредбата за евакуација во Оровил
15.02.2017 11:02
Од службите за управување со водите соопштија дека е пренасочено доволно количество вода од езерото, така што сега е во тек поправка на структурата.

Укината е наредбата за евакуација на околу 200.000 луѓе од подножјето на вештачкото езеро до градот Оровил која беше воведена поради напукнување на највисоката брана во САД.
Од службите за управување со водите соопштија дека е пренасочено доволно количество вода од езерото, така што сега е во тек поправка на структурата.
Властите ги предупредија луѓето да бидат подготвени за нова евакуација доколку состојбата не се промени наскоро.
