УЈП: До 15-ти март се очекува над 400 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава

15.02.2017 11:11

Како што информираат од Управата, заклучно со 13-ти февруари 2017-та година, 51.616 граѓани ја исполниле својата даночна обврска. Апелираат граѓаните да не ги чекаат последните денови со цел да се избегнат метежите на даночните шалтери.

Управата за јавни приходи (УЈП) очекува до 15-ти март, кога е и крајниот рок, над 400 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава.

Како што информираат од Управата, заклучно со 13-ти февруари 2017-та година, 51.616 граѓани ја исполниле својата даночна обврска. Апелираат граѓаните да не ги чекаат последните денови со цел да се избегнат метежите на даночните шалтери.

Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои во изминатата 2016-та година освен плата или пензија или приход од земјоделска/ самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи.

Од поднесените пријави најмногу се во Штип 13.321, потоа Скопје 12.794, Битола 8.315, Прилеп 9.075, Струмица 5.881 и Тетово 3.182 годишни даночни пријави. Од нив најголемиот дел се писмено, а 251 поднесени се електронски.

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира, односно е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот на УЈП, на новата локација во зградата на Регионална дирекција Скопје.

Годишната даночна пријава може да се поднесе и по пошта на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП или електронски доколку обврзникот е регистриран корисник на е-Даноци.