Мексико: Тревога поради кражба на контејнер со радиоактивни материи
15.02.2017 11:43
Националниот координатор на силите за граѓанска одбрана Луис Филипе Пуенте ги предупреди граѓаните на Керетаро, Идалго, Мексико, Гуанахуато, Сан Луис Потоси...

Мексиканските власти прогласија тревога во шест држави во земјата поради кражба на контејнер со радиоактивни материи.
Националниот координатор на силите за граѓанска одбрана Луис Филипе Пуенте ги предупреди граѓаните на Керетаро, Идалго, Мексико, Гуанахуато, Сан Луис Потоси и Мичокоан да не го отвораат контејнерот доколку го видат.
