Јужна Кореја: Советот за национална безбедност заседава поради смртта на Ким Јонг-нам

15.02.2017 11:58

Ким Јонг-нам бил убиен на аеродромот во малезиската престолнина. 45-годишниот маж бил прободен со отровни игли на аеродромот во Куала Лумпур од две неидентификувани жени кои се во бегство.

Премиерот на Јужна Кореја го свика Советот за национална безбедност поради смртта на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Ким Јонг-нам бил убиен на аеродромот во малезиската престолнина. 45-годишниот маж бил прободен со отровни игли на аеродромот во Куала Лумпур од две неидентификувани жени кои се во бегство.

Властите во Сеул соработуваат со Малезија во истрагата за мистериозното убиство.