Морскиот лав угинал поради камен во желудникот

15.02.2017 13:06

Несовесни посетители фрлиле камен кој бил проголтан од животното...

Утврдена е причината за угинувањето на морскиот лав во скопската Зоолошка градина. Несовесни посетители фрлиле камен кој бил проголтан од животното.

Како што истакнаа од Зоолошката градина, поради голтањето, на лавот му се затнале хранопроводот и желудникот.