Ердоган: Потребна е поддршка од земјите од Персискиот Залив
15.02.2017 13:13
Во интервјуто за телевизијата „Ал Арабија“, Ердоган потенцираше дека арапското население ќе си ја добие територијата назад откако Рака ќе биде ослободена од Исламска држава.

Турција има потреба од поддршка на земјите од Персискиот Залив и, пред сѐ, од Саудиска Арабија за да ја осигура стабилноста на регионот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во интервјуто за телевизијата „Ал Арабија“, Ердоган потенцираше дека арапското население ќе си ја добие територијата назад откако Рака ќе биде ослободена од Исламска држава.
Лани Турција и опозициската Слободна сириска армија ја почнаа операцијата „Еуфратски штит“ за чистење на северна Сирија од џихадистите.
