Една жена уапсена во Малезија поради убиството на Ким Јонг Нам

15.02.2017 13:37

Осомничената имала патнички документ од Виетнам кога полицијата ја привела на аеродромот во главниот град Куала Лумпур каде што беше избоден со отровни игли Ким Јонг Нам.

Една жена е уапсена во Малезија поради сомнение за поврзаност со убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Осомничената имала патнички документ од Виетнам кога полицијата ја привела на аеродромот во главниот град Куала Лумпур каде што беше избоден со отровни игли Ким Јонг Нам.

Премиерот на Јужна Кореја го свика Советот за национална безбедност поради инцидентот.