ЕП усвои резолуција за Албанија: Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари

15.02.2017 14:39

Усвоена резолуцијата за албанија во Европскиот парламент. Европарламентарците, барем дел од нив, препознаа Бугари, наместо Македонци во Преспа, Голо Брдо и Гора. Официјална Тирана го признава македонското малцинство во Албанија, но пратениците од Бугарија се залагаа дека таму живеат Бугари.

Во резолуцијата на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Албанија, Европратениците инсистираат на фактот дека се „потребни напори за да се заштитат правата на малцинствата во Албанија“. Во текстот на резолуцијата е наведено дека е потребно  спроведување на законодавството во оваа област.

Притоа, изричито е наведено дека ЕП бара да им се гарантираат правата на лицата од бугарска етничка приопадност кои живеат во регионот на Преспа, Голо Брдо и Гора, како во текстовите така и во практиката, елемент кој е новина во резолуцииите за Албанија и кој ставен под иснистирање на бугарските европратеници.

Претходно, бугарски европратеници изјавуваа дека „во Албанија живеат 100 илјади Бугари, кои ги немаат сите права на едно признаено малцинство“. Односно, тие сакаат и успеаа да протуркаат теза дека македонското малцинство во трите посочени места е всушност, бугарско.

Албанската држава, во Голо Брдо, Гора и Мала Преспа препознава единствено Македонци. Европскиот парламент во однос на почитувањето на правата на малцинствата и барателите на азил, ги повикаа надлежните власти на Албанија да продолжат со подобрување на климата за вклучување и толеранција за сите малцинства.

Тони Гламчевски, дописник до Стразбур за МРТ