Кошарка – Куп на Македонија

Без изненадување на првиот ден

07.02.2014 00:04

МЗТ Скопје Аеродром и Кожув ќе играат во првото полуфинале на 22-то издание на Купот на Македонија во кошарка што се одржува во Охрид. Гевгеличани наидоа на солиден отпор на Фени индустри славеа со 76:59 благодарение на доминацијата под обрачите. Најефикасен на мечот беше коѓаркарот на Кожив Филиповиќ со 24 поени, додека кај кавадарчани најмногу, 20 постигна Бјелиќ.

Актуелниот и двоен победник на купот МЗТ Скопје беше супериорен против Струмица за победа од 100:75 иако противникот го отвори натпреварот со серија од 10:0. По тајм - аутот, кошаркарите на екипата од Аеродром врзаа 12 поени и постојано ја градеа предноста којашто во еден момент изнесуваше и 34 кошеви. Чековски и Цветковиќ постигнаа по 15 поени, најпрецизен на мечот со 19 поени беше кошаркарот на Струмица,. Џекиќ.

МЗТ Скопје и Кожув ќе се соочат в сабота, додека втората полуфинална двојка ќе ја формираат победниците од утрешните дуели, Работнички – Куманово од 17.30 со пренос на МРТ собранискиот сервис и Лирија - Карпош Соколи директно на „Прва“ во 20 часот и 15 минути.