Почна судењето за убиството на 4-годишниот Алмир

15.02.2017 14:59

На првото рочиште, Бобан Илиќ се изјасни дека не се чувствува виновен и дека, наводно се бранел од членовите на семејството на Алмир. Влегол во возилото и го прегазил детето кое подоцна им подлегна на повредите. И братот на Бобан тврдеше дека немал намера никого да повреди.

Почна судењето на Бобан Илиќ, кој во јуни минатата година го прегази 4-годишниот Алмир. После, баналната расправија со неговиот татко поради непочитување на редот во амбулантата, Илиќ го усмрти малиот Алмир, а ги повреди и неговите родители.

На првото рочиште, Бобан Илиќ се изјасни дека не се чувствува виновен и дека, наводно се бранел од членовите на семејството на Алмир. Влегол во возилото и го прегазил детето кое подоцна им подлегна на повредите. И братот на Бобан тврдеше дека немал намера никого да повреди.

Адвокатот на семејството на малиот Алмир посочи дека ќе поведе кривична постапка и против  неговиот брат, бидејќи тој не бил опфатен со обвинението.

Судското рочиште почна со протест пред судот во Куманово организиран од невладината организација „Зани“. Од таму посочија дека ќе бидат пред судот на секое рочиште, не за да извршат притисок на судот, туку да му помогнат да донесе праведна пресуда и убиецот на Алмир да ја добие заслужената казна.