Европски пари за водоводниот систем во Гевгелија

15.02.2017 14:08

Ќе се градат бунари, пумпи, станици за хлорирање, водоводна мрежа и резервоар од илјада кубни метри. Почетокот на изградбата го означија евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за финансии Кирил Миноски.

Во Гевгелија почнува реализацијата на унапредување на водоводниот систем преку европските претпристапни фондови. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,7 милиони евра.

Ќе се градат бунари, пумпи, станици за хлорирање, водоводна мрежа и резервоар од илјада кубни метри. Почетокот на изградбата го означија евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за финансии Кирил Миноски.

Проектот за подобрување на општинските услуги,  има  цел да го подобри квалитетот на животот во општините, преку реализација на капитални проекти како системи за водоснабдување, канализација и енергетска ефикасност, локална патна инфраструктура, градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слично, рече Миноски, додавајќи дека тој е најдобра слика за синергијата која се креира преку соработката помеѓу централната и локалните власти.

Евроамбасадорот Жбогар нагласи дека ваков проект се спроведува првпат во рамки на неодамна започнатата кампања „ЕУ за тебе“.

Морам да потенцирам дека на многу успешен начин  општина Гевгелија успеа да искомбинира различни извори на фондови за финансирање на проектот  и мислам дека токму овој начин на реализација на пионер проект  треба да служи како пример на другите општини како треба да спроведат големи проекти  и како да ги реализираат, рече Жбогар  и додаде дека очекува благодарение на проектот  да се зачува здравјето на населението,  да се зголемат заштедите на домаќинствата и да се унапреди локалното  стопанство.

Според градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, новиот водоснабдителен систем треба да биде готов до ноември, а на активностите им претходеле седум години барање решение  за квалитетна вода.