Преку конкурентни идеи до странски пазари
Со јавниот повик на Фондот за иновации што трае до 3-ти мај се доделуваат речиси 1,5 милиони евра. Ќе се кофинансира најмногу до 85 насто од буџетот на проектот со максимален износ до 30 илјади евра.

Претпримачите од земјава да ги интернационализираат идеите, да градат партнерства со мешународни компании – советува претседателот на Комитетот за одобрување на инвестиции, Волфганг Книски. Оцнеува дека имаме потенцијал за развој на иновациите, но потребна е конкурентност за настап на странските пазари.
„Тука има многу талентирани лица, многу млади тимови со одлични идеи и мотивација и потенцијал не само за македонскиот пазар туку и надвор. Сретнавме проекти од различни индустрии и сектори, земјоделство, микороелектроника, а доминантни се од ИКТ индустријата. Но важно е, претпримачите и стартапите, да не гледаат само да го надминат прагот на рентабилност туку многи повеќе“, изјави Волфганг Книски.
Четвртиот повик на Фондот за иновации е отворен до 3 мај година, се доделуваат 1,45 милиони евра. Се планира поддршка на 15 стартапи и 10 проекти на микро и мали средни претпријатија за комерцијализација на иновации. Јавниот повик се однесува на кофинансирање најмногу до 85 проценти од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 илјади евра
Според директорката на Фондот, Поповска компаниите ги препознаваат иновациите како клучна алка во својот бизнис. Досега фондот доделил 1,5 милиони евра за поддршка на 37 проекти.
Дијана Ценевска
