Одобрени 32 проекта преку програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“
Голем интерес за европските пари наменети за наука, истражување и иновации во земјава преку проектот „Хоризонт 2020“. Досега ресорното министерство одобрило 32 проекти и две апликации за мобилност на истражувачи за кој се распределени 2 милиони евра.

Голем интерес за европските пари наменети за наука, истражување и иновации во земјава преку проектот „Хоризонт 2020“. Досега ресорното министерство одобрило 32 проекта и две апликации за мобилност на истражувачи за кои се распределени 2 милиони евра. Проектите се однесуваат на унапредување на животната средина, а може да се пријават граѓански организации, универзитети, бизнис- заедницата.
Целта на програмата, вели заменик- министерот Ристовски е развој на економијата преку поттикнување на иновативноста кај истражувачите.
Најголем интерес за средствата од оваа програма има од државните универзитети и од Македонската академија на науките и уметностите. Еден проект може да добие од 3.000, па сѐ до 135.000 евра.
Европската програма „Хоризонт 2020“ тежи 70 милјарди евра, а рокот за реализација е до 2020 година. Поддржува проекти за истражување и иновации, мобилност, креирање нови работни места.
Викторија Милевска
