СКОПЈЕ ЗОО

Утврдена причината за угинувањето на морскиот лав

15.02.2017 15:44

Утврдена е причината за угинувањето на морскиот лав во скопската Зоолошка градина. Несовесни посетители фрлиле камен кој бил проголтан од животното.

Морскиот лав Аби од скопската ЗОО градина голтнал камен што му го затворил желудникот. Ова е причината за угинувањето на животното- покажала спроведената обдукција од Факултетот за ветеринарна медицина.

Зоолошката прстот го впери кон неодговорни посетители, а не од вработените. 

Статисиката на Зоолошката покажува дека во изминативе 7 години се родени 121 животно, а угинале 10. Во текот на летото се очекува да пристигнат и нови животни.

 

Анита Никушева – Јованчев