Партиите размислуваат, дипломатите апелираат
Од СДСМ се огласија очекуваат депонирани потписи од Мала Речица. Од ДУИ нема никаков абер. Жбогар останува оптимист дека политичките лидери ќе најдат начин за излез од ситуацијата.
Социјал демократите во форма на потписи од пратениците на ДУИ го очекуваат одговорот од Мала Речица по што се убедени дека ќе го добијат мандатот за формирање влада. Партискиот портпарол Шилегов без детали околу содржината на документот, го повтори ставот дека тој е доволно добар за да биде потпишан, а деталите ќе ги кажел претседателот Заев од позиција на мандатар.
Од БЕСА пак велат дека немаат информации како се одвива дијалогот меѓу СДСМ и ДУИ. Сметаат дека платформата на Албанците не е спорна бидејќи за точките во неа се разговара во изминативе 20 години.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар е со идентичен став за македонската политичка состојба како и еврокомесарот Јоханес Хан. Оптимистички гледа дека политичките чинители ќе успеат да се справат со актуелната состојба.
Земјата нема време за губење во однос на формирањето влада, а тоа е сега во рацете на политичките партии- вели холандскиот амбасадор Ваутер Пломб, кој вели дека Холандија се надева на Влада која ќе биде фокусирана на реформите.
Веќе два дена ДУИ го анализира документот испратен од СДСМ и не се изјаснува по него. Со содржината беше запозната и Алијансата на Албанците.
Миле Ристески
