Обвинетиот за смртта на Алмир не чувствува вина

15.02.2017 15:58

Обвинетиот за смртта на 4-годишниот Алмир не чувствува вина. Мајката со солзи во судницата. На 30-годишниот Бобан Илиќ од Куманово кој е во притвор му се суди за обид за убиство со умисла на Алмир, кој лани во јули беше прегазен со автомобил по банална расправија за ред во амбуланта.

Сакале да направат добрина пропуштајќи му го редот на многу болен човек, го загубиле синот. Заради хуманото дело кобната јунска вечер Бобан Илиќ почнал да се расправа со таткото на Алмир. „Бобан зборуваше на телефон со брат му и ни се закани. Намерата му беше да не убие сите“, рече на сослушувањето мајката на четиригодишниот Алмир, Ниџивере Касуми.

Ноќта после расправијата кога излегле од болницата, неговиот брат Бојан ѝ го нападнал сопругот, но некако се разделиле. Кога тројцата тргнале да си го земат возилото, друго со голема брзина удрило во нив. Кога се освестила Ниџивере го видела синчето како лежи притиснато до ѕидот. Возилото што ги прегазило го немало. Мајката на Алмир побара доживотна затворска казна за Илиќ. Тој изјави дека не се чувствува виновен и дека наводно се бранел од семејството на малиот Алмир.

Со обвинението, освен Бобан Илиќ, кој е осомничен за убиство и за обид за убиство, се опфатени и таткото на Алмир и негови двајца роднини. Тие се сомничент за насилство. Според нивниот адвокат на, Асмир Алиспахиќ, неспорен материјален доказ во постапката е видеоснимката, на која, според него, јасно се гледа дека обвинетите всушност се жртви.

Тој најави дека ќе поднесе кривична пријава и против братот на Бобан, Бојан, за соизвршителство во убиството на Алмир и во обидот за убиство на неговите родители.

Додека траеше судењето, пред кумановскиот суд се одржа мирен протест во организација на невладината организација „Зани“ (Глас). Учесниците во протестот посочија дека ќе бидат пред судот на секое рочиште, не за да му вршат притисок на судот туку за да му помогнат да донесе правилна пресуда и обвинетиот да ја добие заслужената казна. Судењето продолжи со сведочење на Бојан Илиќ и девојката на осомничениот.

Фиљана Кока