Ќе се подобри водоснабдувањето во Гевгелија

15.02.2017 16:12

Со финасиска подршка од ИПА фондовите во Гевегелија почна реализацијата за унапредување на водоводниот систем со кој треба да се подобри водоснабдувањето на 17 илјади жители. Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра.

Наскоро ќе се подобри водоснабдувањето на 17 илјади жители на Гевгелија и на Богданци. Се гради нов водоснабдителен систем кој чини 1,7 милиони евра. Ќе има четири бунари, пумпна и станица за хлорификација на водата, како и резервоар со капацитет од илјада кубни метри.

Водоводот се гради со финансиска поддршка од претпристапните фондови на Унијата. Сто илјади евра обезбеди Министерството за транспорт и врски. Министерството за финансии учествува со средства преку проектот за подобрување на општински услуги во износ од 260 илјади евра.

Проектот „Мрзенски рид“ се спроведува за првпат во рамките на неодамна почнатата кампања „ЕУ за тебе“ вели евроамбасадорот Жбогар. Новиот водоснабдителен систем треба да биде готов до ноември.

 

Наташа Гркова- Петрушевска