Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Во рамки на манифестацијата која е подготвена од Кинотеката на Македонија во соработка со ирански културни институции и со логистичка поддршка на Иранската амбасада, публиката ќе има можност да види дела од поновата продукција - пет долгометражни филмови и еден краток филм кој е последен филм на Кијаростами.
Со прикажување на документарниот филм „76 минути и 15 секунди со Абас Кијаростами“ постхумно посветен на еден од најголемите ирански режисери од Сејфула Самадијан в петок во Кинотеката на Македонија ќе започнат Деновите на иранската кинематографија.
Во рамки на манифестацијата која е подготвена од Кинотеката на Македонија во соработка со ирански културни институции и со логистичка поддршка на Иранската амбасада, публиката ќе има можност да види дела од поновата продукција - пет долгометражни филмови и еден краток филм кој е последен филм на Кијаростами.
По секоја проекција предвидена е дискусија со гости од Иран, а на првата и втората вечер ќе присуствуваат режисерот Шарам Мокри чиј филм „Риба и мачка“ - е добитник на специјална награда на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, како и неговата сопруга и сценаристка и режисерка Насим Самани.
Амбасадорот на Иран во Македонија Хосеин Карими на денешната прес-конференција истакна дека целта е промоција на иранската култура, како и зближување на односите и културната соработка меѓу двете земји и двата народа.
