ЗОИ Сочи
Сите го мразат „летечкиот домат“
07.02.2014 08:52
Многу врева се дигна во сноуборд заедницата по одлуката на Вајт да не настапи на натпреварот во слопстајл, оценувајќи дека патеката е небезбедна, преопасна, а негова главна цел е одбрана на златните медали во халф-пајп од Торино и Ванкувер.

За светот тој е најдобриот сноубордер, за неговите колеги тој е „Јенки“, предавник, кукавица, син што го чекате да се појави на врата, а никогаш нема да се врати во семејството.
Шон Вајт-двоен олимписки шампион во сноуборд(халф-пајп), 13 златни медали од Х-игрите, најуспешниот сноубордер во историјата. Човекот што е синоним за сноубордот, најзаслужен за воздигнувањето на спортот, но дали тоа му дава за право да биде над спорот?, отворено прашуваат неговите конкуренти.
Многу врева се дигна во сноуборд заедницата по одлуката на Вајт да не настапи на натпреварот во слопстајл, оценувајќи дека патеката е небезбедна, преопасна, а негова главна цел е одбрана на златните медали во халф-пајп од Торино и Ванкувер.
„Тој е идол на многу деца,што е добро за сноубордот, но тешко е кога тој не му враќа на сноубордот за се што досега постигнал“,- изјавува еден од неговите конкуренти.
Неговиот сонародник Дани Дејвис вели дека не е во ред да го дискредитираат Вајт, дека тој напорно работи и не може да го мразат поради тоа, но и додава низ пцовка „ Не сакам да зборувам многу за него, тој не е лош човек, но е поразличен од мене, јас навистина го сакам сноубордот“.
Шон Вајт е поразличен од другите. Велат дека е индустриски производ во спортот иако никој не го оспорува неговиот талент. Има се што немаат другите. Богатство што се проценува на повеќе дрсетици милиони долари, сопствен сноуборд парк за тренинг изграден од Ред Бул, десетици моќни спонзори.
„Сите се против Шон. Сите се љубоморни.Тој ги има сите пари, има се што другите посакуваат“, се надоврзува неговиот голем конкурент Јури Подладчиков.
А од личната карта на Шон Вајт и информациите дека е роден пред 27 години во Сан Диего со тешка срцева мана. Уште како дете е подложен на две операции на отворено срце. На 6 години почнува со сноубордот, на 7 веќе го добива првиот голем спонзор. Во 2009-тата магазинот Форбс објавил дека Вајт во претходната година заработил 8 милиони долари.
