НБРМ повторно ја намали каматната стапка на благајничките записи

15.02.2017 16:19

Одлучено е повторно да се намали каматната стапка на благајничките записи, за дополнителни 0,25 процентни поени. Ќе изнесува 3,25%.

Народната банка ги скенираше состојбите во економијата на седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Одлучено е повторно да се намали каматната стапка на благајничките записи, за дополнителни 0,25 процентни поени. Ќе изнесува 3,25%.

„Ваквата реакција претставува нормализација на монетарната политика и е одраз на постојаното стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти и со тоа континуирано исцрпување на ефектите врз економијата од политичката криза“,  соопшти Централната банка.