Евзони останува блокиран од грчките земјоделци

16.02.2017 10:18

Веќе трета недела граничниот премин Евзони е блокиран со околу 350 трактори. Блокадата предизивикува штети на транспортните компании и превозниците...

Трета недела од штрајкот на грчките земјоделци, затворен е граничниот премин Богородица поради блокадата од грчката страна, на граничниот премин Евзони. Преминот е блокиран со околу 350 трактори.

Блокадата предизивикува штети на транспортните компании и превозниците. Македонските транспортни асоцијации и бизнис заедницата постојано апелираат до меѓународните институции за деболокирање на преминот, укажувајќи дека од блокадата трпат штети транспортерите од Македонија и регионот, како и компаниите корисници на нивните услуги.

Евроамбасадорот во Македомнија, Самуел Жбогар вчера изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони од страна на грчките земјоделци и оти очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.

Вчера во Атина земјоделците не се договорија со владата на Ципрас, која во моментов преговара со претставниците од Монетарниот фонд за раздолжување на 7,7 милијарди евра, дел од грчкиот долг кон тројката кредитори.

Од Автомото сојузот на Македонија соопштуваат дека премините кај Битола и Дојран се отворени за сите видови возила.