ДПМ ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј со свечен собир
16.02.2017 10:31
На собирот ќе бидат врачени наградите за најдобри книжевни остварувања на лауреатите за 2016 година...

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе го прослави својот 70-ти роденден со свечен собир на кој ќе им бидат врачени наградите за најдобри книжевни остварувања на лауреатите за 2016 година.
Наградата „Ацо Шопов“ за поезија ја доби Гордана Михаилова-Бошнакоска, добитник на наградата за проза „Стале Попов“ е Лилјана Пандева, наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеистика и се доделува на Кристина Николовска, а Александар Поповски е добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“.
Од 540 членови на Друштвото на писателите на Македонија, триесет членуваат повеќе од половина век.
