Жбогар и Тимоние во посета на Берово
16.02.2017 10:34
За Берово, ЕУ предвидува повеќе од 3 милиони евра за реконструкција и изградба на канализациската мрежа.

Во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, евроамбасадорот Самуел Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска ќе ја посетат општина Берово каде ќе се сретнат со градоначалникот Драги Наџински.
За Берово, ЕУ предвидува повеќе од 3 милиони евра за реконструкција и изградба на канализациската мрежа.
Кампањата „ЕУ за тебе“ почна на 27 јануари во Кичево, а нејзината цел е да ги информира граѓаните за помошта што ЕУ и ја нуди на земјава.
Евроамбасадорот Жбогар вчера во рамки на кампањата беше во посета на Гевгелија.
