Оглас за расадници
07.02.2014 09:01
Во Гевгелија, Струмица и Валандово, земјоделците и фирмите заинтересирани за подигање расадници...

Во Гевгелија, Струмица и Валандово, земјоделците и фирмите заинтересирани за подигање расадници можат да конкурираат на огласот до 27 овој месец. Се нудат 36 хектари на 15 години.
На огласот можат да се јават домашни и странски физички и правни лица. Фармерите треба да се регистрирани земјоделци или трговец поединец. Странските правни лица треба да имаат и подружница во Македонија.
Критериумот за избор е највисоката понудена годишна закупнина со почетната цена од 25 евра за земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра за 5 до 8 класа. Во планинските подрачја, почетната цена е пониска за 10 евра.
Големината на површината за закуп се утврдува според техничката опременост на понудувачот и бројот на планирани вработувања.
Заинтересираните треба да достават и банкарска гаранција за која се враќа по потпишувањето на договорот.
Методија Трајков
