„Херитиџ“: Македонија економски слободна земја

16.02.2017 12:15

Македонија како единствена земја од регионот се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, како Естонија, Луксембург, Германија, Австрија, Чешка, Финска и Норвешка.

Македонија е рангирана на 31-во место според Индексот на економски слободи на американската фондација „Херитиџ“ и се вброи во категоријата слободни држави. Лани Македонија беше рангирана како 47-ма, а годинава доби 70,7 поени, односно за 3,2 повеќе од лани и се искачи за 16 места на оваа листа.

Практично, Македонија како единствена земја од регионот се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, како Естонија, Луксембург, Германија, Австрија, Чешка, Финска и Норвешка.

Фондацијата „Херитиџ“ секоја година ги рангира државите според четири критериуми: владеење на правото, големина на државниот апарат и долгот, ефикасност на регулаторниот режим и слобода на трговијата.

Од соседните земји, Косово е на 46-то место, Бугарија 47-ма, а Грција е дури 127-ма.